Фудбалерите на Зрињски славеа во мостарското дерби во Босна и Херцеговина против Вележ со 1-0, а овој натпревар го одбележа единствениот погодок.
Имено, победоносниот гол беше дело на Карло Абрамовиќ, меѓутоа на него му претходеше неверојатно спорна ситуација. Поточно не беше многу спорна, бидејќи играта со рака на Билбија беше толку евидентна, а судијата иако гледаше ВАР снимка реши дека голот е регуларен и покажа на центарот.
Ваквите голови и покрај ВАР технологијата се сериозен проблем, особено бидејќи судијата Франо Јелиќ сам ја прегледа ситуацијата.