Чурлинов одигра 70 минути, Јагелонија со одлична предност ќе ја пречека Бачка Топола (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, Јагелонија славеше победа од 1:3 над Бачка Топола и така дојде пред пласман во осминафиналето од Конференциската лига.

Не доминираше толку многу полскиот состав, но знаеше да ги искористи шансите за да си обезбеди солидна предност за реваншот. Српскиот тим преку Мбунго го отвори резултатот во 28. Минута, но Имаз само три минути подоцна донесе израмнување за Јагелнија.

Со по еден гол на двете страни се замина и на полувремето. Победата гостите ја обезбедија со два гола во последните десетина минути. Прво Пулулу погоди за 1:2, па Имаз постигна уште еден гол за конечни 1:3.

Дарко Чурлинов беше стартер и на теренот беше до 70. Минута од средбата.

Во преостанатите две средби Шамрок на гости го совлада Молде со 0:1, Викинг дома го изненади Панатинаикос со 2:0, а Целје и Апоел одиграа 2:2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани