Чудо во квалификациите за ЛШ: Загубија дома 4-1, па со спектакуларна победа на гости се вратија!

by Стефан
1 минути читање

Малкумина веруваа дека данскиот шампион Архус може да направи подвиг во Познањ, откако во првиот натпревар од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите на домашен терен загуби од Лех со убедливи 4-1.

Сепак, она што се случи во реваншот ќе остане запишано како еден од најголемите пресврти во историјата на квалификациите за елитното европско натпреварување.

Данскиот тим по регуларните 90 минути водеше со 3:0 и целосно ја анулираше негативата од првиот натпревар. Драмата кулминираше во продолженијата, каде што двете екипи постигнаа по еден гол, па вкупниот резултат беше 5-5.

Победникот беше решен по изведувањето пенали, а повеќе присебност покажаа фудбалерите на Архус, кои славеа со 4-3 и обезбедија пласман во третото квалификациско коло.

На официјалната страница на данскиот клуб овој успех беше опишан едноставно, „Чудо во Познањ“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×