Човекот кој имаше повеќе трофеи од настапи го напушти Манчестер сити

by Стефан
1 минути читање

По шест години поминати на „Етихад“, голманот Скот Карсон си заминува од Манчестер сити, клуб во кој освои повеќе трофеи отколку што имаше настапи на терен.

Карсон пристигна во Сити во 2019 година како позајмен играч од Дерби Каунти, а настапи само на два официјални натпревари, еден во Премиер лигата и еден во Лигата на шампионите. Но, и покрај минималната минутажа, англискиот голман беше вистински столб во соблекувалната на „граѓаните“.

Во својата улога како трет голман, Карсон се покажа како значајна фигура зад сцената, придонесувајќи со искуство и посветеност во подготовките на првите чувари на мрежата, Едерсон и Ортега. Манчестер сити не пропушти да му оддаде признание за неговата професионалност и важност во тимската хемија.

За време на престојот во Сити, Карсон се закити со дури титули од Премиер лигата, Лига Купот, Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.

Во кариерата што трае веќе две децении, Карсон настапуваше и за Лидс јунајтед, Ливерпул, Вест Бромвич, Бурсаспор и Виган, а за англиската репрезентација има четири настапи меѓу 2006 и 2011 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани