Италијанскиот напаѓач Чиро Имобиле изненадувачки на 36-годишна возраст објави крај на кариерата.
Одлуката Имобиле ја донесе пред почетокот на новата сезона, а веста официјално ја потврди неговиот клуб Париз, со кој имаше важечки договор.
Иако договорот со парискиот клуб го обврзуваше до крајот на сезоната 2026/2027, еден од најдобрите италијански напаѓачи на 21 век нема да го одработи до крај.
Во официјалното соопштение клубот ги објасни причините за одлуката на Имобиле.
„Чиро Имобиле и Париз ја информираат јавноста за одлуката на италијанскиот напаѓач да ја заврши својата професионална фудбалска кариера. Играчот изрази потреба, по 17 години професионално занимавање со фудбал, поголемиот дел од своето време да го посвети на семејството“, стои во соопштението.
Клубот емотивно се прости од својата ѕвезда и преку објава на социјалните мрежи.
„Чиро Имобиле е легенда. По 650 натпревари, повеќе од 320 голови и бројни трофеи, Чиро Имобиле ја завршува својата голема кариера. Исклучителен играч кој одбележа неколку генерации“, стои во објавата.
Merci pour ton exceptionnelle carrière, Ciro Immobile.💙
— Paris FC (@ParisFC) August 14, 2026
Thank you for everything Ciro, you are a legend ! 🇮🇹
🔗https://t.co/bBWXMDZFcD pic.twitter.com/f5cpwSVQ1R