Медиумите од Шпанија пренесуваат дека „сините“ го меркаат Пеп Чаварија од Рајо Ваљекано како засилување за левата бековска позиција.
Челси е прилично активен на трансфер пазарот, веќе го договори десниот бек Марко Палестра од Аталанта, одредени извори велат дека е договорен и централниот дефанзивец Максенс Лакроа од Кристал Палас.
На барање на Чаби Алонсо, „сините“ сакаат да реализираат и изненадувачки трансфер на Гранит Џака, а како што пишува Марка, клубот од „Стемфорд Бриџ“ може да шокира и со наследникот на Марк Кукуреља, кој за 60 милиони евра беше продаден на Реал Мадрид.
Наводно главен кандидат е Пеп Чаварија од Рајо Ваљекано, име кое не е звучно на европската сцена, но со своите партии оваа сезона го импресионирал Челси.
Тој е познат по тоа што е сигурен во одбраната, но истовремено често се приклучува и во нападот, што совршено се вклопува во стилот на игра што го преферира Чаби Алонсо.
Пеп Чаварија има договор со Рајо Ваљекано до 2030 година и откупна клаузула од 50 милиони евра, но се очекува шпанскиот клуб да прифати значително пониска понуда. За неговите услуги интерес покажува и Виљареал.
Доколку трансферот се реализира, тоа би бил најголемиот чекор во кариерата на шпанскиот бек, кој пред само три години пристигна од Сарагоса за сума помала од два милиони евра.