Челси подготвува чистка, на излезна врата се осум фудбалери

by bojan
1 минути читање

„Сините“ под водство на Чаби Алонсо подготвуваат голема реконструкција на тимот ова лето, дури осум фудбалери би можеле да бидат продадени.

Челси започнува нов проект со Чаби Алонсо на клупата, и ќе има промена во трансфер политиката кога се во прашање засилувањата.

Стратегот сака искусни и докажани фудбалери кои веднаш би можеле да направат разлика на теренот, а приоритет се централен дефанзивец и напаѓач кој може да покрива повеќе позиции.

Меѓу играчите кои се поврзуваат со трансфер на „Стемфорд Бриџ“ се Ибрахима Конате од Ливерпул и Морган Роџерс од Астон Вила.

Сепак, голем дел од плановите ќе зависат од тоа кои играчи ќе го напуштат клубот, Атлетик пишува дека осум фудбалери би можеле да бидат продадени.

Марк Кукуреља и Енцо Фернандез се најзвучните имиња на оваа листа, Челси нема намера лесно да се откаже од нив, и ќе даде зелено светло само доколку пристигне примамлива понуда.

Голманот Филип Јоргенсен сака повеќе минути па веќе добил зелено светло да си најде нов клуб, а ќе биде продаден и еден напаѓач. Жоао Педро е недопирлив, па Николас Џексон и Лиам Делап би можел да биде жртвуван.

Ќе се бара купец и за дефанзивецот Аксел Дисаси, како и напаѓачот Давид Датро Фофана, додека пак младиот Тајрик Џор е пред преселба во Евертон.

„Сините“ исто така ќе испратат и неколку фудбалери на позајмица, како Марк Гиу, Кејлеб Вајли и Кендри Паез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×