Челси договори офанзивец за 65 милиони, и е на пат да договори уште еден за 70 милиони

by bojan
1 минути читање

„Сините“ конечно постигнаа договор со Борусија Дортмунд за трансфер на Јејми Бајно Гитенс во зделка вредна околу 65 милиони евра, клубот од Стемфорд Бриџ исто така е на добар пат да го договори и Жоао Педро од Брајтон за 60 милиони фунти (околу 70 милиони евра).

Челси продолжува да работи на тимот за сезоната 2025/26, вчера во САД успешно ги финишираше преговорите за ангажман на Џејми Бајно Гитенс.

Борусија Дортмунд одби две понуди, но на крајот даде зелено светло за продажба на офанзивниот фудбалер во зделка вредна околу 65 милиони евра.

Откако го договорија трансферот на Англичанецот, „сините“ се насочуваат кон Жоао Педро и ги интензивираат преговорите со Брајтон.

Се говори дека се потребни околу 60 милиони фунти (околу 70 милиони евра) за ангажман на Бразилецот, кој е мета и на Њукасл.

ФОТО: X/Brighton & Hove Albion

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×