Челси се спаси со условна казна за 74 прекршоци на финансискиот фер-плеј!

by 24 фудбал
1 минути читање

Англискиот гигант Челси доби драконска казна од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), која утврдила 74 прекршувања на правилниците од страна на лондонскиот клуб.

По завршувањето на дисциплинската постапка, „сините“ ќе треба да платат 10 милиони фунти, односно околу 11,7 милиони евра, а дополнително добија и условна забрана за регистрација на нови фудбалери во следните два преодни рока, со важност до 30 јуни 2027 година.

Првично, независната Регулаторна комисија му изрече на Челси условно одземање од шест бодови, но клубот поднесе жалба. Комисијата за жалби ја уважи и ја укина таа санкција, заменувајќи ја со условна забрана за трансфери, што значи дека Челси нема да ја започне новата сезона во Премиерлигата со бодовен хендикеп.

Од ФА објаснија дека актуелното раководство на Челси само ги пријавило неправилностите по преземањето на клубот, а истрагата за поединечни случаи поврзани со прекршувањата сè уште продолжува.

Челси ги призна сите 74 прекршувања на Правилото E1.2 пред одржувањето на сослушувањето. Независната Регулаторна комисија изрече казна од шест бода, условна до 30 јуни 2027 година, како и парична казна од 10 милиони фунти. По жалбата на клубот, Комисијата за жалби ја укина санкцијата со бодовите и наместо тоа изрече условна забрана за регистрирање играчи во два последователни преодни рока“, соопшти ФА.

Во соопштението се додава дека паричната казна не била предмет на жалбена постапка и дека средствата ќе бидат насочени за развој на фудбалот на најниските нивоа во Англија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×