Челси тргна по Игуаин, Гатузо потврди дека Аргентинецот сака да си замине

by
1 минути читање

Мирор известува
дека Челси веќе започнал разговори со Јувентус за да договори трансфер на
Гонзало Игуаин, Премиерлигашот е очаен во намерата да се засили со
аргентинскиот напаѓач откако тој стана желба број еден на Маурицио Сари.

Италијанскиот
фудбалски стратег силно посакува засилување во напаѓачката линија на својот тим
овој месец, а Игуаин е на врвот на листата на неговите желби, сепак, извесно е
дека Челси ќе има потешкотии за да постигне договор.

31 годишниот Игуаин
во моментов настапува за Милан како позајмен фудбалер, а Росонерите сакаат да
го задржат што е можно подолго во своите редови, за тоа дека Игуаин сака да си
замине од Милано, потврди и тренерот на Милан, Џенаро Гатузо.

Кога фудбалер ќе
донесе одлука, едноставно претешко е да го убедите поинаку од одлуката која
веќе ја донел. Јас имам одличен однос со него, чесен пристап, си кажуваме
работи лице в лице. Во моментов тој е наш удбалер, силно ќе се бориме за да го
задржиме, не знам што ќе се случи
“ посочи Гатузо.

Додека е во
потрага по квалитетно засилување во нападот, Челси нема да дозволи Алваро
Мората да си замине од Лондон, Калум Вилсон и Мауро Икарди се исто така опции,
но, во моментов Игуаин е број еден желба на Сари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани