Челси следното лето ќе избира, ќе го позајми Игуаин на уште 12 месеци или ќе го купи на две рати

by
1 минути читање

Клубот од Стемфорд Бриџ денеска го промовираше Гонзало Игуаин како ново
засилување, напаѓачот пристигнува на позајмица од Јувентус до крајот на
сезоната.

Откако Челси официјално го потврди трансферот, „старата дама“ ги обелодени
деталите од зделката. Челси добил две опции. Првата е да
го позајмат Гонзало Игуаин за додатни 12 месеци (до јуни 2020) за што ќе треба
да платат 18 милиони евра во сезоната 2019/20, или пак во целост да го откупат
играчот за 36 милиони евра, сума која може да биде платена на две рати.

„Бјанконерите“ исто така пренесоа дека овој трансфер ќе нема никаков ефект врз нивниот финанискиот
извештај за оваа година, па ова значи дека „Сините“ практично ја превземаат
позајмицата на која беше испратен играчот во Милан пред почетокот на сезоната
вредна 18 милиони евра и ќе одвојат 9 милиони евра („росонерите“ исто така ќе
платат 9 милиони евра).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани