68
Тотнем со предност од 1-0 отпатува на гостувањето кај Челси, но сините брзо ја анулираа негативата.
Резултатот го отвори Канте со силен шут од далечина во 27. минута, а десет минути подоцна Азар погоди за водство на Челси од 2-0, со тој резултат се заминана полувремето.
По пет минути игра во вториот дел Љоренте погоди за Тотнем намалувајќи на 2-1, а конечниот резултат од двете средби гласеше 2-2.
Така и заврши мечот па пеналите го решаваа победникот. Челси ги погоди сите обиди, голови дадоа Вилијан, Аспиликуета, Жоргињо и Луиз, за Тотнем промашија Дајер и Лукас, голови дадоа Ериксен и Ламела.
Челси во финалето на Вембли ќе игра против Манчестер Сити кој со вкупни 10-0 го помина Бартон.