2,7K
Челси официјално го
промовираше своето прво засилување во зимскиот јануарски преоден рок и тоа во
Рос Баркли, англискиот репрезентативец кој потпиша петгодишен договор со Сините
од Лондон.
„Пресреќен сум, се
радувам на мојот нов почеток и едвај чекам да почнам со работа во овој клуб.
Тоа што тргнувам од почеток во клуб како што е Челси е неверојатно за мене, ќе се
трудам да продолжам онаму каде што застанав минатата сезона и се надевам дека
ќе напредувам во својата игра“ изјави Баркли.
Евертон како
обештетување за својот веќе поранешен играч ќе добие 15 милиони фунти.