Откако Тод Боли
стана газда на Челси, клубот од Стемфорд Бриџ троши како никој претходно. Во
летниот преоден рок беше одвоена рекордна сума на засилувања, а со исто темпо
се продолжи и овој месец.
Откако вчера беше
комплетиран трансферот на Михајло Мудрик од Шахтар вреден 100 милиони евра,
медиумите од Англија сега пишуваат за нова зделка.
„Сините“ го
меркаат Мoисес Каиседо од Брајтон и се подготвени да платат околу 65 милиони фунти
за услугите на фудбалерот од средниот ред.
Доколку се реализра
еден ваков трансфер, Тод Боли на засилувања ќе потроши половина милијарда за
шест месеци.
Сите трансфери откако
Тод Боли стана газда на Челси:
Рахим Стерлинг –
£45 милиони + £10million во бонуси
Калиду Кулибали –
£33,8 милиони
Марк Кукуреља –
£55 милиони плус £7 милиони во бонуси
Весли Фофана –
£70 милиони плус £10 милиони во бонуси
Карни Чуквуемека
– £20 милиони
Габриел Слонина –
£12 милиони
Чезаре Касадеи –
£12,6 милиони плус £4.2 во бонуси
Пјер Емерик
Обамејанг – £10,6 милиони
Денис Закарија – £2,6
милиони за позајмица до крајот на сезоната
Михајло Мудрик –
£88 милиони
Беноа Бадишиле –
£33,7 милиони
Жоао Феликс – £9,7 милиони за позајмица до крајот на
сезоната
Андреј Сантош –
£11 милиони
Давид Датро Фофана
– £10 милиони
Вкупно: £445.2
милиони сосе бонуси
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.