Челси влезе во многу подобра форма од Арсенал во лондонското дерби и тоа се покажа на теренот.
Резултатот беше отворен уште во 13. минута кога најпрво Диего Коста биеше со глава во пречката, а потоа Алонсо дојде до одбиената топка и со глава донесе водство од 1-0.
Во 53. минута предноста на Челси беше зголемена со маестрален погодок на Азар кој направи продор од својата половина и го совлада Чех.
Голманот на Челси направи голем кикс во 85. минута, му ја додаде на Фабрегас а тој го лобуваше за убедливи 3-0.
До крајот на мечот Арсенал успеа само да го ублажи поразот на 3-1 со погодок на Жиру во судиското продолжение.
По 24 одиграни натпревари Челси има 59 бодови и е убедлив на врвот, Арсенал има 47 и ризикува да падне на петтото место доколку ова коло Ливерпул и Манчестер Сити ги добијат своите дуели.