Во следните 48
часа треба да биде соборен трансфер рекордот во Премиерлигата, Енцо Фернандез ќе
стане најскапиот фудбалер во Англија.
Весникот Тајмс, кој
обично има точни информации, објави дека преговорите се одвиваат добро и
„сините“ се убедени дека ќе го ангажираат Аргентинецот.
Во неговиот
договор има откупна клаузула од 120 милиони евра (нешто над 105 милиони фунти),
но Челси работи на зделка вредна нешто над 130 милиони евра (115 милиони фунти).
Сопственикот на
Челси, Тод Боли ќе одвои десетина милиони повеќе со цел да ја убеди Бенфика да
прифати исплатата на сумата да биде извршена на неколку рати.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.