Челси е кралот на преодниот рок, потпиша со осум фудбалери, потроши преку 300 милиони фунти! (ФОТО)

by
1 минути читање

Челси во јануари потпиша со осум фудбалери, од нив седум купи, а Жоао Феликс пристигна на позајмица за 9,7 милиони фунти.

Најскап трансфер во историјата на Челси и историјата на Премиерлигата е трансферот на Енцо Фернандез од Бенфика за кој сините плаќаат 106,8 милиони фунти (121 милион евра).

Мега трансфер, еден од најголемите е и ангжамнаот на Михаило Мудрик од Шахтор за кого Челси плати 88,5 милиони фунти.

Трет најскап трансфер оваа зима им е Беноа Бадиашил од Монако за кого платија 35 милиони фунти, Нони Мадуеке од ПСВ го ангажираа за 29 милиони фунти, а Мало Густо од Лион за 26,3 милиони фунти.

За Андреј Сантос на Васко да Гама му платија 18 милиони фунти, а Давид Датро Фофана го купија за 10 милиони фунти од Молде.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×