Барселона имаше водство по првото полувреме на Олд Трафорд, но Манчестер јунајтед со пресврт во вториот дел дојде до победа и се пласираше во осминафиналето од Лига Европа.
„Тој гол за 1-1 ни направи голема штета. Тоа беше топка која требаше да ја освоиме, но ја загубивме. Губењето дуели беше клуч за нашите проблеми. Не притиснаа со интензитет. Штета што дојде до тоа бидејќи во првото полувреме ги имавме работите под контрола и ни беше лесно да играме“, вели Чави.
„Многу сме разочарани бидејќи бевме возбудени. Мислам дека добро се натпреварувавме, но имавме силен противник. Физички беа баш силни. Да не дојдеше така брзо до израмнување, веројатно и второто полувреме ќе го контролиравме како и првото. Да ги имавме Педри и Гави, ќе беше поинаку. Не барам алиби, но така е“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.