Бугарија ја остави Македонија во игра, но ќе ни биде потребна убедлива победа во Тбилиси

by
1 минути читање

Бугарија се одбрани од нападите на Грузија, ја сочува својата мрежа, натпреварот меѓу овие две селекции заврши 0-0.

Математиката вели дека Македонија сега има шанси за првото место, но за тоа да се случи ќе треба да ја победиме Грузија со 4-0 на нејзин терен.

Доколку славиме со три голови разлика, тогаш гол разликата би одлучувала, а таа во моментов не е на наша страна, Грузија има 12 дадени и 2 примени гола, а ние имаме 7 дадени и 4 примени.

Потребно е да ги совладаме со повеќе голови разлика од поразот кој ни го нанесоа со 3-0 на „Тодор Проески“ арената во Скопје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани