Буфон со солзи во очите се прости од „Аѕурите“: Жал ми е што се заврши вака (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Легендата на
Јувентус и Италија се надеваше дека Светското првенство во Русија ќе биде неговата
последна авантура во синиот дрес но и воопшто во кариерата, но е приморан
предвреме да се прости од „Аѕурите“.

Италија вечерва
доживеа елиминација во бараж дуелот со Шведска, па Џиџи Буфон само од дома ќе
го гледа мундијалот.

„Ова е
разочарувачко
”
– рече 39
годишниот голамн со солзи во очите. „Не лично за мене, туку за целиот
италијански фудбал. Знаеме колку значеше Светското првнество за целата нација
”.

„Жалам само за
ова, што на ваков начин се заврши авантурата. Не жалам поради тоа што ставам крај на
кариерата. Времето поминува и пензијата е неизбежна
”.

„Штета што мојот
последен официјален натпревар се поистоветува со неуспехот да се пласираме на
Светско првенство
”.



Можно е и ова да ти се допаѓа

×