Буфон е спремен за пензија, Баба од мртов агол му даде гол низ нозе (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Легендарниот
голман требаше да се пензионира минатото лето, таков беше првичниот план откако
не стави потпис на нов договор со Јувентус. Но потоа ПСЖ тропна на неговата
врата, и Џиџи Буфон (примамен од парите или желбата за успех во ЛШ) реши да
продолжи и стави потпис на едногодишен договор со опција за додатни 12 месеци.

Тој не се
изнаигра многу во Париз оваа сезона и лидерите на „светците“ сега се на два
ума, дали да ја продолжат соработката со ветеранот или пак да донесат нов
голман од светска класа.

Доколку им
требаше разубедување дека е истечено времето на Џиџи Буфон, денешниот меч со
Ремс покажа дека ветеренот е спремен за пензија. Во последното коло од
сезоната, Баба од мртов агол му даде гол низ нозе на Италијанецот.

Ништо подобра не
беше и реакцијата на голманот при вториот гол на домаќините, кои на крајот
славеа со 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани