Избраниците на
Тен Хаг продолжуваат да редат победи, вечерва Манчестер јунајтед ја доби
пресметката против Вест Хем во ФА Купот.
Гостите поведоа
со 0-1 по десетина минути игра во второто полувреме, Бенрама ја затресе мрежата
на Де Хеа.
Сепак, „ѓаволите“
до крајот на натпреварот успеаја да го свртат резултатот во своја корист.
Агуер во 77. минута
си ја затресе сопствената мрежа за 1-1, за во 90. минута Гарначо брилијантно да
погоди и да го трасира патот во четвртфинале. Длабоко во судиското
надополнување Фред само го потврди триумфот и ги постави конечните 3-1.
Во четвртфинале
се најде и нашиот Дарко Чурлинов со Барнли по победата од 1-0 над Флитвуд.
Гримсби направи изненадување откако со 1-2 славеше на гостувањето кај
Саутемптон, а изненадување принуди и Шефилд јунајтед со победа од 1-0 над
Тотнем.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.