По минималниот пораз од Шкендија во минатото коло, лавовите им се вратија на победите и ја продлабочија кризата на Брера која одамна не го почувствувала вкусот на победата.
Македонија Ѓорче Петров беше подобар тим особено во првото полувреме кога гостите од Струмица изгледаа немоќно.
Единствениот погодок на мечот падна во самиот финиш на првиот дел кога по една убава акција на Алексовски и Величковски, Попзлатанов постигна гол од втор обид, донесе водство за Македонија Ѓорче Петров од 1-0 кое на крајот се покажа и како конечен резултат.
Во второто полувреме Брера се обидуваше да избегне пораз, но момците на Валенти тешко ја пробиваа организираната одбрана на Македонија Ѓорче Петров и не дозволија да се затресе мрежата на Стевковски.
Утре од 14 часот се играат преостанатите пет натпревари од ова коло: Брегалница – Вардар, Гостивар – Шкендија, Работнички – Тиквеш, Шкупи – Струга и Силекс – Воска.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.