Брера денеска промовираше уште едно засилување, станува збор за 23-годишниот играч од Гамбија, Фодеј Травали.
Тој е фудбалер кој игра од средниот ред на теренот.
„Во пресрет на пролетниот дел од првенството, нашиот прв тим се засили со 23 годишниот Фодеј Травали – фудбалер кој игра во средниот ред. Станува збор за поранешен младински репрезентативец на Гамбија а последниве пет години е дел од европската фудбалска сцена.
Во Струмица допатува како слободен играч откако во есенскиот дел месец дена неше во Четникаја во Кипар. Травали претходно играше во Бејкож Анадолу во Турција. Две сезони беше во Паиде и Калев во Естонија а своето европскоо деби го имаше во младинскиот состав на Велје од Данска“, стои во соопштението на Брера.