Брера промовираше италијанско засилување

by
2 минути читање

Брера Струмица не само во раководните структури туку и на теренот ќе има италијански шмек, за тимот потпиша младиот Салваторе Рибаудо.

„Салвадоре Рибаудо е нов фудбалер што го ангажираше нашиот тим за новата првенствена сезона. Станува збор за млад и надежен фудбалер кој игра во нападот и веќе се приклучи на сениорскиот состав во Банско Бугарија. 19 годишниот Салвадоре е дете на италијанскиот клуб Парма каде ги помина сите младински категории а во нашиот состав дојде од шпанскиот тим Реал Авила која се натпреварува во Tercera División RFEF каде беше во од јануари последната сезона“, стои во соопштението на струмичкиот клуб.

@2024 – Сите права задржани