89
Брера викендов ја завршува првата фаза од подготовките, по што од понеделник ќе се пресели во Банско каде ќе се воигрува екипата со пријателски натпревари.
Струмичкиот тим во Бугарија ќе остане до 22 јули. На 12. јули ќе има сериозен тест против Стеауа Букурешт од Романија, пет дена подоцна ќе игра пријателски натпревар со Теута од Албанија.
На 21. јули играат против репрезентативниот состав на Киргистан, а контролните мечеви во Банско ќе ги заокружат со меч против Алтин Асир од Туркменистан кој се игра ден подоцна.
Третата фаза пред стартот на новата сезона ќе ја работат во Струмица.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.