Брера го објави купувањето на Академија Пандев, клубот ќе го користат како отскочна даска за трансфери

by
2 минути читање

Она што се
најавуваше со месеци, денеска и официјално беше потврдено, „Брера Холдингс“ ќе
стане нов газда на Академија Пандев.

„Ова е пример
како „Брера Холдингс“ ја имплеметира својата интернационална стратегија, која
паралелно ќе форсира ширење и промоција на брендот Брера ФК во Источна Европа.
Со купување на Академија Пандев и ребрендирање во Брера, планот е да се зголеми
напредокот на тимот, да се подготват фудбалери за меѓународни трансфери, како и
да се остварат приходи од настапите во натпреварувањата на УЕФА“
– вели генералниот
извршен директор на „Брера Холдингс“, Серџо Скалпели.

„Брера Холдингс“ планира
да инвестира во клубови во Африка и Јужна Америка и потоа да ја користи
Академија Пандев како отскочна даска, односно на талентираните играчи да им
обезбеди подобри шанси за трансфер во некој поголем клуб во Европа.

„Мислиме дека по
купувањето на Академија Пандев, ќе го олесниме процесот на трансфери на играчи
од други клубови во Африка и Јужна Америка, особено оние на возраст од 18 до 21
година“
– додава Скалпели.

„Клубот исто така
може да настапува на неколку големи младински турнири како Виареџо турнирот,
кој отвара врати за продажба на млади играчи и многу шанси на трансфер пазарот“.

Горан Пандев во
2010 ја основаше Академија Пандев, прво како младинска школа, а потоа и со сениорски
тим, кој во 2019 година го освои Купот на Македонија, а минатата сезона беше
вицешампион.

Поранешниот
македонски репрезентативец е независен член на бордот на директори на „Брера
Холдингс“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани