Популарните „пчели“ му дадоа одврзани раце на Џордан Хендерсон да се пресели во Челси, а за негова замена го одбраа Мамаду Сангаре од Ленс, за кого ќе платат околу 41 милион фунти, односно 48 милиони евра.
„Сините“ оваа недела отворија преговори за два шоканти трансфери, Дени Велбек од Брајтон и Џордан Хендерсон од Брентфорд.
Чаби Алонсо сака со овие две зделки да донесе искуство и лидерство во младиот тим на Челси, и се очекува во брзо време да пристигне и официјална потврда.
Дени Веблек доби дозвола да замине на лекарски прегледи и да го комплетира трансферот, додека пак Брентфорд му даде одврзани раце на Џордан Хендерсон да се пресели на „Стемфорд Бриџ“.
И додека популарните „пчели“ беспари го пуштаат Англичанецот да потпише за Челси, тие ќе трошат рекордна сума за неговата замена.
Голем број на извори пренесуваат дека Мамаду Сангаре од Ленс е идентификуван како идеалното засилување и се водат напредни преговори за трансфер вреден околу 41 милион фунти, или околу 48 милиони евра.
Во моментов најскапа аквизиција на Брентфорд е Данго Оатара, за кого минатото лето беа платени 42,5 милиони фунти сосе бонуси.
ФОТО: X/Racing Club de Lens