322
Брегалница е активна во преодниот рок, штипјани создаваат конкурентен тим за Првата лига каде сакаат да имаат подобра сезона од лани.
Горан Силјановски е нивното ново, четврто засилување во овој период.
Силјановски има одиграно четири натпревари за репрезентацијата на Македонија, а во клупската кариера досега играче за Македонија ЃП, Вардар, Тетекс, Ренова и Работнички, и во Албанија за Фљамуртари и Динамо Тирана од каде и пристигна во Брегалница.
Претходно штипскиот клуб потпиша со Давид Денковски, Борха Кордоба и Ѓорѓи Ѓорѓиев.