Фудбалерите на Брегалница дојдоа на чекор од пласман во Првата лига откако денеска славеа на дербито на Истокот против Осогово со 3-0.
Победата беше најавена уште во првото полувреме во кое Костадин Капсаров двапати се запиша во листата на стрелци. Во вториот дел триумфот беше само потврден со уште еден погодок.
Местото во Првата лига за штипјани не би требало да биде доведено во прашање бидејќи во последното коло на свој терен ќе ја пречекаат веќе отпишаната Победа.
Убедливи беа и Шкендија Арачиново и Скопје кои исто така се во битка за врвот. Шкендија на свој терен беше подобар од 5-1 со Новаци, додека Скопје со 7-1 славеше на гости во Прилеп кај Големо Коњари.
Натпреварот на Охрид кој се бори за бараж за Прва лига против Детонит беше одложен поради дожд.
Осогово – Брегалница 0-3
Беласица – Саса
Големо Коњари – Скопје 1-7
Кожуф – Тетекс 1-4
Победа – Вардар Неготино 3-5
Шкендија Арачиново – Новаци 5-1
Слога Виница – Преспа 3-2