473
Во одличен
натпревар, со многу динамика во играта пред околу 80.000 гледачи на арената и
двете репрезентации приредија вистински фудбалски спектакл.
Најнапред Мајкл
Бредли испрати фантастичен лоб и погоди во мрежата од голот на Гиљермо Очоа во
6. минута, за потоа Карлос Вела во 23. минута да ги постави конечните 1-1 од
овој меч.
На табелата,
Мексико со 14 бодови е прв, следат Коста Рика и САД со по 8, Панама со 6,
Кондурас со 4, односно Тринидад и Тобаго со 3 бода на четири кола до крајот на
овие квалификации. Првите три репрезентации ќе обезбедат директно учество на
Мундијалот, четвртопласираната од оваа група ќе игра во бараж фазата.