814
Штручниот штаб на
Вардар, на чело со Бобан Грнчаров одлучи да го задржи 22 годишниот Лелис
Фигуередо Педрињо.
Бразилецот
пристигна во „црвено-црното“ семејство уште на почетокот на јули и ги одработи
подготовките на Златибор. Вардар на крајот реши да го задржи офанзивниот
фудбалер, па Педрињо ќе биде шесто засилување ова лето.
Тој доаѓа од
екипата на Минор Перник, а претходно настапувал за бразилските екипи Индепенте
де Лимеира и Наутико.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.