Бразил го избрал новиот селектор?

by Стефан
1 минути читање

Нов селектор на бразилската репрезентација би требало да биде Жорге Жесус, пренесуваат јужноамериканските медиуми кои додаваат дека оваа функција ќе ја преземе во мај.

На клупата на „Кариоките“, Жесус ќе го замени Доривал Жуниор кој доби отказ по убедливиот пораз од Аргентина во квалификациите за Светското првенство со 4-1.

Португалецот во овој момент е под договор со Ал Хилал, а сојузот на Бразил е подготвен да плати околу 2.5 милиони евра за предвреме да го раскине договорот со саудискиот клуб.

Ако Жесус замине од Ал Хилал пред јуни нема да го води овој клуб на Светското клупско првенство.

Според најавите Жесус треба да потпише договор до крајот на Светското првенство во 2026 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани