Братот на Меси распали со навреди по Барселона, па потоа се извинуваше!

by
2 минути читање

Преку профилот на својот син на „Твич“, Матијас без влакна на јазикот почна да кажува што мисли за Барселона, за нејзиниот претседател Лапорта и општо за Каталонците, велејќи дека Меси нема да се врати таму и дека тој е поголем од клубот. 

„Имаме еден исечок од весникот Спорт, кој вели ‘Меси треба да се врати во Барселона’ и јас одговорив ‘хахаха нема да се вратиме во Барслеона’. Ако се вратиме во Барселона тогаш ќе направиме добро чистење, а меѓу другите ќе лета и Жоан Лапорта, неблагодарникот. Луѓето требаше да излезат, да направат некој марш или протест за Лапорта да си замине, а Меси да остане. Музејот на Барселона е музеј на Меси. Шпанците се предавници. Мајка ми убаво велеше, ќе го снајде истото како и Роналдињо. Барселона почнаа да ја препознаваат од Меси наваму“, рече Матијас.

Меѓутоа, изгледа Лионел свртел телефон и му го покажал местото, па неколку часа подоцна стигна извинување, во пишана форма, преку Инстаграм. Буквално по рецептот „пу-пу не важи“.

„Би сакал да се извинам за она што го реков, а што излезе на социјалните мрежи. Само се шегував со синот и со неговите пријатели. Како би можел по се што се случи да го мислам тоа за Барселона, клуб со толкава историја, клуб кој толку многу даде за моето семејство и за Лео. За нас Каталонија е втор дома, тоа сите го знаат. Многу ми е жал и се извинувам на сите, особено на навивачите на Барселона. Сакам да кажам и дека единствениот профил што го имам на социјалните мрежи е овој на Инстаграм“, напишал Матијас.

Меси се уште нема потпишано нов договор со ПСЖ и неговата иднина е непознаница за јавноста, меѓутоа малку е веројатно дека патот повторно ќе го однесе во Каталонија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани