Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Брајтон понудил 30 милиони фунти за услугите на Лука Вушковиќ од Тотнем.
Тотнем и Брајтон се инволвирани во преговори за трансфер на Јан Пол ван Хеке, популарните „галеби“ веќе одбија две понуди за Холанѓанецот и бараат 70-80 милиони за негова продажба.
Но како што објави Атлетик, ова не е единственото име за кое се водат разговори, Брајтон понудил 30 милиони фунти за Лука Вушковиќ.
19 годишниот Хрват важи за еден од најперспективните млади дефанзивци во Европа, и со одличните партии на позајмица во Хамбургер го привлече вниманието на клубови како Баерн Минхен, Барселона, Реал Мадрид и уште многу други.
Но очигледно Тотнем сака да донесе поискусен дефанзивец, па е подготвен да плати богатство за Јан Пол ван Хеке, наместо да му даде шанса на младиот Лука Вушковиќ.
Многумина се шегуваат на сметка на „спарси“ и велат дека ако зделката се комплетира, речиси сигурно Тотнем за некоја година ќе плати двојно или тројно повеќе за да го врати Хрватот во Северен Лондон.
ФОТО: X/Hamburger SV