Босански фудбалер е во кома, го претепале со палки, па го застрелале

by
1 минути читање

Синоќа околу 22 часот во Горажде, Босна и Херцеговина, засега непознати напаѓачи, го претепале и му пукале во глава на Алмир Рашиќ.

Настанот се случил пред домот на Рашиќ, тој први бил претепан со палки, а откако паднал му било пукано и во глава.

Тој веднаш бил пренесен во болница во Сараево каде е опериран и останал во кома во клиничкиот центар.

Обвинителот вели дека нападот е окарактеризиран како обид за убиство и дека истрагата е во тек како и потрагата по напаѓачите.

Рашиќ во текот на својата кариера го носел дресот на славните босански клубови Железничар и Вележ.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×