Борусија Дортмунд изгуби и од последниот тим во Бундеслигата (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Борусија Дортмунд им приреди ново разочарување на навивачите и денеска претрпе пораз од Бохум со 0:2.

Бохум е тим кој до пред ова коло беше последен а сега успеа да слави над Борусија која сезонава игра под очекувањата.

Човек на одлука за домашниот состав беше Масурас кој постигна два гола во две минути во 33. и 35. минута.

Борусија по овој пораз остана на 11-то место на таблеата со 29 бода. Бохум со освоените три го прескокна Холштајн и сега претпоследен со 14 бода, но Кил кој заостанува бод има и натпревар помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани