Ниту доаѓањето на
Гонзало Игуаин не промени многу во играта на Челси. „Сините“ против Борнмут го
имаа поседот на топката, но во најголемиот дел од мечот немоќно кружеа околу
шеснаесетникот, а домаќините со цврста игра во одбрана и одлична ефикасност го
фрлија фавориот на колена.
Челси добро го
започна мечот Ковачиќ имаше одлична шанса, но Боруц доволно ја допре топката за
таа да заврши во гредата. „Сините“ продолжија да притискаат, но освен тоа што
го имаа поседот на топката не успеаја да креираат посериозна шанса. Боруц неколку
беше тестиран со шут од далечина, но голманот беше на висината на задачата и не
дозволи да биде совладан.
На старот од вториот дел следуваше изненадување за Челси, Кинг погоди за 1-0 по
една одлична акција на домаќините. Во 63. минута следеше нов шок за избранциите
на Сари. Луиз погреши на средината на теренот, домаќините тргнаа во контра и
Брукс реализираше за 2-0.
Десетина минути
подоцна, Кинг го постигна својот втор гол откако Станислав ја избегна офсајд
замката и му асистираше на својот колега од нападот за 3-0. Конечните 4-0 беа
поставени во 95. минута кога во листата на стрелци се запиша Даниелс.
Па на крајот
Борнмут се радуваше на својата прва победа против Челси на домашен терен, а „сините“
изедначија еден неславен рекорд и за прв пат по 2002, на три меча во низа на
гости не успеваат да постигнат гол.