Екипата на Борнмут ја доби премиерлигашката пресметка со Евертон (0-2) на „Гудисон Парк“ за пласман во осминафиналето на ФА Купот. Уште во првиот дел гостинската екипа стигна до двојна предност со головите на Семенио и Јебисон, а „карамелите“ немаа сили за кам-бек.
Ипсвич Таун беше сигурен во дуелот со второлигашот Ковентри и на гости слави со 1-4 (1-3). Поведе премиерлигашот преку Хирст од белата точка, па Латибудиер израмни. Сепак, до паузата следеа два гола на Кларк, а потоа Филоџен реализира за конечниот резултат во вториот дел.
Единствениот премиерлигаш елиминиран беше Саутемптон со поразот од Барнли (0-1). Човек на одлука беше Едвардс во 77. минута.
Гостинска победа забележа Фулам кај некогашниот прволигаш Виган (1-2) со двата гола на Родриго Муниз, додека за домашните погоди Смит.