Борнмут е редовен пациент на Манчестер Сити, историски гол на Халанд (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Победникот беше решен уште во првото полувреме, во кое „граѓаните“ својата голема доминација ја крунисаа со головите на Алварез во 15. минута, Халанд во 29. минута и на Фолден во 45. минута, додека со автоголот на Мехам во 51. дојдоа и до огромно 4-0. Честа на домаќинот ја спаси Лерма во 83. минута. 

Норвежанецот со овој погодок се запиша во историјата, како најдобар стрелец на Сити во последните 50 години и тоа со 33-иот гол за овој тим, од кои 27 се во Премиер лигата. Пред него сега е само легендарниот Френсис Ли, кој во сезоната 1971/72 постигна 33 погодоци во англиската елита, рекорд кој сигурно ќе падне бидејќи пред Халанд се уште 13 натпревари.

Составот на Гвардиола со овој триумф дојде до 55 бода со што го продолжи ловот по лидерот Арсенал, кој има два бода повеќе и еден одигран меч помалку.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани