Бормут падна во Манчестер, Халанд ги предводеше „граѓаните“ до три бода (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

По поразот од Астон вила во минатото коло, Манчестер сити денеска во рамките од 10. коло во Премиер лигата им се врати на победите со триумф над Бормут од 3-1.

Бормут во добра форма го дочека натпреварот со „граѓаните“ бидејќи во последните седум на натпревари до денешниот не знаеше за пораз, но сепак на „Етихад“ избраниците на Гвардиола беа подобри и предводени од Халанд ги освоија бодовите.

Норвежанецот го отвори резултатот во 17-та минута, а Бормут осум минути подоцна израмни на 1-1 преку Адамс.

Сепак, Халанд одново стапи на сцена во 33. минута кога го постигна својот втор гол. До крајот на средбата фаворитот одигра толку колку што беше потребно да не дозволи гостите да им го загрозат водството, а конечниот резултат во 60. минута го постави О’Рајли.

Со овој триумф Манчестер сити доаѓа до 19 бода на табелата, шест помалку од Арсенал кој е лидер со 25.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×