Борец се пожали: Револтирани сме од катастрофалното судење против Вардар Неготино!

by 24 фудбал
2 минути читање

Вардар Неготино го доби домашниот меч со Борец (1-0) во рамките на ВМФЛ, а по средбата имаше драматични моменти. Тренерот Горан Симов беше револтиран и лут од судењето, па со телефон им укажуваше грешки на судиите.

Ден по натпреварот, со реакција за арбитражата се јави и Борец. Клубот од Велес објави и видео од спорните ситуации.

  • Целосното соопштение на Борец 1919:

Фудбалскиот клуб Борец 1919 АД изразува длабоко незадоволство и револт од катастрофалното судење на главниот судија Дарко Стојанов и неговите помошници на првенствениот натпревар против ФК Вардар Неготино, одигран вчера.

Во текот на целиот натпревар, судиските одлуки беа контроверзни, оштетувачки и крајно неразбирливи, особено ако се земе предвид дека резултатот во моментот на спорните ситуации беше 0:0.

👉 Во 63-та минута, нашиот играч со број 23, Милан Чичевски, доби црвен картон за наводен удар со глава врз противнички играч. Сепак, четвртиот судија јасно му укажа на главниот судија дека станува збор за жолт картон, бидејќи ситуацијата се случи директно пред него, а видеоснимките потврдуваат дека удар во глава не постои. И покрај тоа, главниот судија без причина и против логиката додели директен црвен картон.

👉 Во 89-та минута, при резултат 0:0, нашиот играч се најде во одлична позиција за потенцијален погодок, но беше неосновано досуден офсајд, иако офсајд не постоеше, со што ни беше скратена реална можност за победа.

Сакавме да нагласиме дека од страна на домаќините – ФК Вардар Неготино, немаше апсолутно никаков проблем. Напротив, упатуваме благодарност за коректниот прием и фер однесување. И самите беа изненадени од одредени судиски одлуки, како во наша, така и во нивна штета.

Со право се прашуваме:

Зошто и за кого судијата судеше на ваков начин?
Како е можно вакви судии да добиваат натпревари во Втората лига?
За доброто на македонскиот фудбал, не смееме да дозволиме арбитри со вакви настапи да влијаат врз резултати и иднината на клубовите
“, напишаа од Борец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани