Ал Хилал приреди вистинска сензација на Светското клупско првенство, откако во спектакуларен меч го елиминираше европскиот шампион Манчестер Сити со победа од 4-3 и обезбеди место во четвртфиналето.
Под водство на италијанскиот стратег Симоне Инѕаги, тимот од Саудиска Арабија одигра храбро и ефикасно против фаворитот од Англија, предизвикувајќи вистинска еуфорија кај навивачите и радост во соблекувалната по последниот свиреж.
Во просториите на тимот по натпреваот влегол претставник од управата на клубот и им соопштил на фудбалерите и целиот стручен штаб дека за оваа историска победа секој ќе добие бонус од по пет милиони евра.
Оваа огромна награда, која е реткост дури и по освојување на најголемите трофеи, уште еднаш го потврдува финансискиот капацитет на клубовите од Саудиска Арабија и нивната амбиција да бидат голем фактор на светската фудбалска сцена.