Бонучи: Тешко е да му се каже не на најдобриот тренер во светот

by
2 минути читање

Минатото лето Пеп
Гвардиола го идентификуваше Леонардо Бонучи како идеално засилување на
одбраната на „Граѓаните“.

Италијанецот на
крајот сепак одлучи да му остане верен на Јувентус, а Манчестер Сити го купи
Џон Стоунс од Евертон за 47,5 милиони фунти.

„Не е лесно да му
се каже не на Манчестер Сити
– вели Леонардо Бонучи.

„Кога ќе видите
дека најдобриот тренер во светот, Пеп Гвардиола ве цени и има само убави
зборови за вас, тешко е да кажете не
.

„На крајот го
послушав срцето
.

„Среќен сум што
играм за Јувентус, еден од најголемите клубови во Италија и светот, и сакам да
триумфирам во Италија и Европа
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани