„Бомба“ на Манчини за победа на Рома, Јувентус имаше три стативи! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус во овој меч дојде по четири победи во серија во италијанската лига, а за Рома ова беше меч по поразот од Кремонезе.

Во првото полувреме се водеше тактичка битка без многу фудбалска убавина. Единствената голема шанса се случи во самиот финиш, кога во 43. минута Рабио биеше, Руи Патрисио го одбрани неговиот удар, а топката ја удри и стативата.

По осум минути игра Рома поведе благодарение на еден силен шут од далечина на Џанлука Манчини кој донесе водство од 1-0.

Јувентус со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, Квадрадо од слободен удар ја погоди стативата од голот на Патрисио.

А до крајот имаа и уште една статива, овојпат малку фалеше Манчини да си постигна и автогол.

Во финишот од мечот се случи и еден глупав потег на Кин кој влезе во игра и во следната минута доби црвен картон откако намерно го шутна Манчини.

На крајот Рома се радуваше на победа со која се израмни со Милан со по 47 бода, но поради подобрата гол разлика е на четвртото место на табелата во Серија А.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани