„Бомба“: Мурињо може да стане селектор, но не на Бразил!

by Стефан
1 минути читање

Еден од најпознатите тренери на денешницата, Жозе Мурињо, би можел конечно да ја исполни својата долгогодишна желба и да го преземе кормилото на репрезентацијата на Португалија, каде што во моментов селектор е Роберто Мартинез.

Тренерот на турски Фенербахче веќе подолго време се поврзува со селекторската функција, а неговото огромно искуство и сериозната кариера го прават идеален кандидат за оваа улога, особено што веќе ја гази седмата деценија од животот.

Поранешниот кормилар на Порто, Реал Мадрид, Интер, Манчестер Јунајтед и Тотенхем беше и во сериозна комбинација за клупата на селекцијата на Бразил, но ја одби понудата на петкратниот светски шампион и тоа можеби е уште еден показател дека ја чека Португалија.

Според ексклузивни информации на „CNN“, овој момент изгледа како идеален Мурињо да седне на клупата на Португалците. Португалија минатиот месец обезбеди пласман во плејофот од Лигата на нации, каде што на 4 јуни ќе играат полуфинале против Германија, а во септември ги очекува стартот на квалификациите за Светското првенство следната година.

Од Европското првенство во Франција 2016, кога ја освоија титулата, Португалците не успеале да се истакнат на големите турнири. Затоа, со Мурињо како селектор надежите за враќање на врвот и конечно остварување на заборавениот сон – успех на Мундијал – се сè поголеми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани