73
Финалето меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата имаше фантастичен почеток со четири погодоци но без победник. Големите ривали одиграа 2-2 на Ла Бомбонера во Буенос Аирес.
Аргентинското „Суперкласико“ според многумина е најголемото градско дерби во светот, Бока и Ривер одиграле 248 натпревари но ова е нивна прва пресметка во финалето на Копа Либертадорес, најпрестижното јужноамериканско натпреварување.
Домаќинот, Бока Јуниорс два пати водеше. Поведе со 1-0 преку Абила, но Прато брзо изедначи на 1-1, сепк на одморот заминаа со предност откако Бенедето постигна гол. Но по 15 минути игра во вториот дел со автогол на Изкердоз Ривер дојде до реми.
Реваншот од финалето на Копа Либертадорес се игра на 24 ноември.