Боби Милевски ќе биде наследник на Ангеловски на селекторската позиција?

by
1 минути читање

Милевски е селекторот кој го донесе првиот голем успех за репрезентативниот фудбал во Македонија, под негово водство нашата репрезентација до 21 година настапи на Европско првенство во 2017.

Голем број од актуелните фудбалери поминале низ негови раце, тука се Барди, Елмас, Велковски, Николов, Муслиу, Бејтулаи, Аврамовски, Чурлинов… сите тие имаа голема почит за Боби Милевски па се чини дека природната замена за Ангеловски е токму тој.

Милевски во наредниот период треба да седне на маса со челниците на ФФМ и да ги дефинираат деталите околу договорот, по што и официјално ќе биде презентиран како нов селектор. 

Следните натпревари на Македонија се во септември, тогаш играме три квалификациски меча за СП, дома против Ерменија и Романија, а му гостуваме на Исланд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани