63
Во зделка која
ретко кој ја очекуваше, Барселона денеска го потврди ангажманот на Кевин Принц
Боатенг, кој пристигнува на позајмица до крајот на сезоната. За овој изненадувачки трансфер, шампионот на Шпанија ќе плати еден милион евра, а ќе има и опција летоска да го купи играчот за 8 милиони евра.
Германецот за
новата авантура ја одбра „19-та“, дрес кој две сезони го носеше и Лео Меси пред
да ја наследи „10-та“ од Роналдињо.
Останува да се
види во какво светло ќе се прикаже напаѓачот, но играчите кои го добија овој
број по Лео Меси, не се прославија премногу (Мунир Ел Хадади, Лукас Дињ, Сандро
Рамирез, Ибрахим Афелај, Мартин Монтоја и Мксвел) и повеќе не се дел од клубот.