Во претпоследниот меч од 21. коло во Серија А, Торино пред своите фанови славеше во дуелот со Интер. „Нероаѕуритe“ не успеаја да ги искористат киксовите на ривалите за топ четири и се прикажаа во бледо издание.
Лаутаро Мартинез, кој доби шанса од првата минута откако Спалети ја промени формацијата во 3-5-2, имаше голема шанса на стартот од мечот но биеше непрецизно. Потоа се закани и Икарди чиј удар беше одбранет од Сиригу.
Потоа Торино почна да притиска, и во 35. минута од мечот поведе со 1-0. По еден скратен корнер, Ицо скокна највиско, топката закачи еден играч на Интер и го изненади Хандановиќ.
Гостите во продолжението од мечот не успеваа да го подигнат темпото на игра, Наинголан и Политано се заканија со шутеви од далечина, но не беа прецизни па на крајот Интер мораше да се помири со пораз.
„Нероаѕурите“ завршните минути ги одиграа и со играч помалку откако Политано заработи црвен картон откако претера со протестите и му дофрли нешто на судијата.